Oрганизацијаta Хјуман Рајтс Воч го осуди каменувањето на домот на актерот и активист за човекови права Петар Стојковиќ, но и реагира на физичките напади кон ЛГБТ активистите во Македонија.
Од оирганизацијата упатија повик владата итно да ги осуди настаните и да превземе мерки да се најдат сторителите.
„Ги повикувам македонските власти итно да превземат активности и да ја осигураат безбедноста на ЛГБТ популацијата и јавно да ги осудат ваквите насилства,“ вели европратеничката Марија Корнелизен за Геј Стар Њус.
Во реакцијата се вели дека се очекува од земјата кандидат за членство во Унијата да ги почитува човековите права како важен аспект од евроинтегративните процеси и да стори се што е во нејзина моќ тоа да се случи.
Британскиот ветеран – активист за човекои права, светски познатиот Питер Тачел вели дека заканите и нападите кон ЛГБТ популацијата во Македонија се затрашувачки и повика европската комисија да ја услови земјаав со членство во ЕУ.
„Ако се знае дека Македонија сака да се приклучи кон ЕУ, тогаш комисијата мора да и даде ултиматум на Владата: ЛГБТ правата мора да се почитуваат и осигураат во земјата или таа нема да добие членство,“ вели Тачел.
Домот на Петар Стојковиќ завчера беше каменуван, откако тој јавно во колумна ја откри својата сексуална ориентација. Претходно беше каменуван ЛГБТ ценатрот од четириесетина маскирани лица.