Хил: Не ја обвинувам Македонија бидејќи за танго се потребни двајца

Од:

Европските дипломати Ерхад Бусек претседател на Пактот за стабилност и поранешниот амбасадор на САД во Скопје Кристофер Хил се разочарани од бавниот процес на приближување на Македонија кон ЕУ. Според Хил ЕУ не е таа која може да ги реши проблемите со кои се соочува Македонија

„Не ја обвинувам Македонија бидејќи за танго се потребни двајца. Сметам дека е потребно да се стави акцент на дипломатијата за решавање на проблемот со јужниот сосед. Се надевам дека тоа ќе биде врвен приоритет затоа што сметам дека е од исклучителна важност за иднината на Македонија таа да се интегрира во ЕУ и НАТО“, рече Хил.

„Треба да работите сите заедно за решавање на проблемите и да работите на надминување на политичките разлики. Македонија треба да ги земе во предвид националните интереси и аспирации и истите да ги тргне од дневната политика. Работите можат да се ратификувата во Брисел но не се одлучува во Брисел“, истакнаа познатите дипломати.

Кога ми рекоа дека Македонија ќе стане членка ба ЕУ во 2005 година јас им реков дека тоа е предоцна.Сега сме веќе 2013 година Хрватска ќе стане членка, а Макеоднија е се уште не е членка.Прашањето за влезот на Македонија во ЕУ ќе биде прашање на наредните генерации беше речено во еден од говорите на Меѓународната конференција на Ротарите клубовите во Охрид. 2025 година беше спомената како една од можните години кога Македонија би можела да стане членка на унијата.

„Јас сум екстремно критичен по ова прашање, особено кон земјите членки на ЕУ кои треба да извршат притисок кон своите партнери, посебно кон Грција за да се придвижат работите нанапред. Сметам дека сегашната ситуација не е фер кон Македонија која е значајна не само како место на карта, туку генерално“, изјави Ерхард Бусек.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски