ХЕРА: Уставен судија смета дека абортусот е убиство

Од:

По вчерашната одлука во Уставниот суд за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на неколку членови на Законот за прекинување на бременоста, која беше доставена пред една година од ХЕРА, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Реактор, Коалицијата „Сексуални и здравствени права“ и проф. Ристова – Астеруд, дебатата не доликуваше на институција која треба да ги брани уставотворните темели на Република Македонија, реагираа денеска подносителите, еден ден откако Судот ја отфрли нивната иницијатива.

„Освен неколку сериозни аргументи за законот и неговата врска со уставните одредби од еден судија, дискусијата врз која се донесе негативната одлука изобилуваше со лични убедувања (абортусот е убиство), лични искуства и стравови (примери за релации меѓу родители и деца), морални оценки (поврзување на абортусот со неверство), идеолошки убедувања (поврзување на абортусот со „либерални вредности“ и со истополовите бракови кои го загрозуваат одржувањето на нацијата). За жал ова се случува по информирањето за случаи во кои животот на жените беше поставен под прашање заради одредбите од законот од 2013“, реагираат денеска од ХЕРА.

Од Хера соопштуваат дека со тоа Уставниот суд се става на страната на предлагачот на законот, и на Собранието, кое го усвои, во време кога е јасно дека правото на абортус станува речиси недостижно. Здруженијата презентираа и случај на трудница која била попречувана да абортира плод со малформации, како и дека системот што го регулира намерното пометнување всушност ја блокира постапката.

-Сакаме да ја информираме јавноста за новиот случај кој го евидентиравме деновиве од граѓанка којашто ни се обрати. Во нејзината приказна се открива примената на законот од 2013. Од овој случај, за бременост по 10. недела, станува јасно дека првостепената комисија во рамки на болницата нема никаква улога, не издава решение и препраќа директно до второстепената комисија. Второстепената комисија формирана од министерот, а не жената, ја донесува главната одлука дали ќе може да се направи абортус. Се употребува образец за којшто Министерството информираше дека се уште не изработен и дека не е усвоен. При пристрасното советување жените се повикани да не ги убиваат децата, се осудуваат, односно агресивно се убедуваат да се задржи плодот по секоја цена. Сето ова претставува одлагање поради кое жените веќе не се во можност да ја прекинат бременоста – велат од ХЕРА.

Здружението вели дека сето погоре наведено придонесува до деградирање, нехуман третман и тортура преку загрозување на здравјето и животот на секоја жена која сака да ја прекине бременоста.

– ХЕРА заедно со партнерските организации во следниов период ќе ги искористи сите преостанати меѓународни механизми за да ги заштити правата на жените на абортус. Дополнително ХЕРА ги повикува сите жени кои при остварувањето на загарантираното право за абортус се соочиле со пречки и неправилности или доколку нивното достоинство било нарушено, да нè контактираат за медицинска, психо-социјална и правна поддршка, апелираат од ХЕРА.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски