Хелсиншки: Осуда за инцидентот во Тетово предизвикан од навивачката група „Балисти“

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти“.

„На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости“, се вели во соопштението.

Хелсиншкиот комитет со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот