Хелсиншки комитет: Над 461 работник останал без работа последните шест месеци

Од:

Вкупно 214 пријави се регистрирани последниве шест месеци, кои опфатиле над 3.432 работнички и работници. Над 461 работник останаа без работа, а на приближно 696 работници им била намалена платата или, пак, воопшто не им била исплатена.

Ова денеска го објави Хелсиншкиот комитет, кој по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, наведе неколку барања до Владата кои се однесуваат на заштита на работниците.

– Во овие исклучително непредвидливи и тешки времиња, останувањето без плата за најголем дел од работниците значи ризик за нивната гола егзистенција и затоа се потребни солидарноста и заедништвото, наведува Хелсиншки комитет.

Едно од барањата на Хелсиншкиот комитет до Владата е создавање мораториум на сите откажувања на договорите за вработување од страна на работодавачите, и на сите намалувања на платите во периодот додека трае вонредната состојба. Сметаат и дека право на паричен надоместок за невработени лица треба да остварат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината.

Причина за ова, како што наведуваат, е што многу работници изминатиов период биле измамени од страна на работодавачите и работниот однос им беше прекинат на овој начин.

Во соопштението, Хелсиншкиот комитет ги наведува и останатите барања од првомајскиот проглас на група синдикати и здруженија на граѓани за заштита на работничките права.

Би можело да ве интересира

ССМ: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век

Ана Ололовска

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Синдикатите со одделни протести, но со исти барања ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

ВИДЕО: Жестоки првомајски протести во Франција и во Италија

Катерина Ѓуровски

Првомајски синдикален марш на ССМ под мотото „Здружени со иста цел“

Ана Ололовска