Хелсиншки комитет: Македонија е само транзитна земја за бегалците

Од:

Република Македонија претставува единствено транзитна земја на бегалците од скорашната бегалска криза, а во никој случај не претставува земја на крајна дестинација, се вели во реакцијата на Хеслиншкиот комитет како што велат поттикнати од одредени политички структури во однос на предложената Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година.

– Според Министерството за внатрешни работи, во периодот од јуни, 2015 година до затворањето на „Балкансаката рута“ во март, 2016 година, низ Република Македонија транзитирале вкупно 472.437 бегалци. Со оглед на тоа што единствено во овој период бегалците беа регистрирани, реалната бројка на бегалци кои поминале е многу поголема. Според статистичките податоци од Европската комисија, низ Република Македонија во 2015 година транзитирале повеќе од 815.000 илјади, а во првите 4 месеци од 2016 година, 89.197 бегалци, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер, според МВР, во текот на изминатите три години, односно во периодот од 2015 година, заклучно со месец јуни, 2017 година, во Република Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само 5 лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита.

– Од прикажаните бројки може да се заклучи дека само 0.275 проценти од сите бегалци кои поминале низ Република Македонија поднеле барање за признавање право на азил, а на само 0.22 отсто од нив им е признаен статус на бегалец. Ова покажува дека Република Македонија претставува единствено транзитна земја на бегалците, а во никој случај земја на крајна дестинација, нагласуваат од Хелсиншкиот комитет.

Тие повикуваат со покренатите инцијативи, како што се и донесените одлуки во општините Аеродром и Гевгелија за одржување референдум, кои, според нив, се заснована врз лажни податоци според која Република Македонија требало да се подготви за сместувањето и интеграцијата на бегалци, да не провоцираат и поттикнуваат омраза кон одредена целна група, во овој случај бегалците.

Хелсиншкиот комитет предупредува дека континуираното ширење и поттикнување на говорот на омраза кон бегалците, може лесно да води кон сторување дела од омраза. Тие потсетувааат дека од почетокот на 2015 година, до денес Хелсиншкиот комитет има регистрирано 34 дела од омраза, сторени кон бегалци или мигранти на територијата на Република Македонија

Апелираат МВР внимателно да ја следи појавата на говор на омраза и да презема соодветни мерки кон лицата кои шират и промовираат омраза по основ на националност, етничка припадност и верско уверување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on