Хелсиншки комитет: Дали МВР чува предмети во фиока?

Од:

Хелсиншкиот комитет на Македонија реагира за сензационалното апсење судии. Во соопштението до медиумите нотира дека со оваа акција се кршат Уставот и Законот а постапката на МВР според нив е гласна најава за воведување на полициска држава.

Од Хелсиншки потестуваат дека без одобрение на судот, полицијата може да лишува од слобода само само во случаи на исклучителна итност. Хелсиншки наведува дека во правна држава судиите за своето несовесно работење одговараат пред Судскиот совет а полицијата може да апси судии само за други кривични дела.

Хелсиншки прашува заошто полицијата од година во година има се послаби резултати во откривање на сторители на пријавени кривични дела. Според државниот завод за статистика од 35.000 пријавени сторители на кривични дела-20.000 останале непознати. Во 2005-та од 24.000 пријавени само 8.000 останале непознати.

Водени од овие податоци Хелсиншкиот комитет прашува дали за ова некој ќе одговара и дали МВР чува предмети во фиока?

Соопштението на Хелсиншки комитет ви го пренесуваме во целост:

„Скандалозното приведување на речиси сите судии и други вработени во Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 Скопје, поради наводно основано сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување во полициската акција наречена „Јустиција“, ја потресе македонската јавност.

Повторно со кршење на Уставот и Законот за кривична постапка полицијата на сопствена иницијатива и без претходна наредба на судот, уапси ни помалку ни повеќе 14 судии и 11 стручни и други службеници на скопскиот кривичен суд!

Потсетуваме дека без одобрение од судот, полицијата може да лишува од слобода само во случаи на исклучителна итност, а не за дела кои се следени и истражувани подолго време. Покрај тоа, во правна држава судиите за своето несовесно или неажурно работење одговараат пред Судскиот совет, како што впрочем тоа е пропишано и во Уставот на РМ, Законот за судови и Законот за судскиот совет.

Полицијата може да апси судии само за други кривични дела, или во случаи на утврдени сериозни незаконитости кои претходно ќе ги утврди судскиот совет.

Начинот на приведување е шокантен и намерно медиумски покриен, со што се повторуваат претходните практики на МВР за јавно приведување на осомничените со медиумска експонираност, што секако влијае на презумпцијата на невиност на осомничените. Со ваквото постапување воочлива е тенденцијата на извршната власт да влијае врз судската, со што се нарушува принципот на владеење на правото.

Повеќе од очигледно е дека оваа акција беше спроведена за да се дефокусира вниманието на јавноста од извештајот за напредокот на земјата на Европската Комисија за Република Македонија1, кој содржи остри критики кон извршната власт.

Имено, акцијата беше спроведена истиот ден кога извештајот беше објавен. Тоа се потврдува и од изјавата на Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, дадена на вчерашната прес конференција, според која ваквото постапување на судиите било „јавна тајна“, а сега веќе министерството имало потврдени информации и анализи поради кои наводно постојат основани сомненија дека се сторени кривични дела.

Освен горенаведеното, овој случај ги потврдува критиките дека механизмите за надзор над судиите не фунционираат согласно меѓународните стандарди и не можат да обезбедат заштита за граѓаните. Најлошо од сè е што со овие апсења се задава последен и досега најтежок удар по самостојноста, независноста и интегритетот на судството. Судии кои се под нескриена пресија и закана не можат независно да ја вршат судската функција. Ова е крајот на правната држава и гласна најава за воведување на полициска држава во Република Македонија.

На крајот, кога веќе станува збор за совесно и професионално вршење на доверената функција, јавно го повикуваме МВР да објасни зошто полицијата од година во година има сè послаби резултати во откривањето на сторителите на пријавени кривични дела. Имено, според податоците на државниот завод за статистика, од 35000 пријавени сторители на кривични дела – 20000 останале непознати! Во 2005 година од 24000 пријавени само 8000 останале непознати! Ќе одговара ли некој за ова? Се чуваат ли можеби некои случаи во фиоките на МВР? Се работи за дела каде жртви се граѓаните на Република Македонија, за разлика од случајот „Јустиција“, каде жртва е државниот буџет, за кој власта очекува да го полнат граѓаните преку казни. Јавно прашуваме, дали е поголем криминал кога парите на граѓаните се прелеале кај криминалците или тоа што парите од ситни прекршоци на граѓаните не се прелеале во државната каса“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ