Хеликоптер на МВР се урна на аероромот во Скопје, еден повреден

Од:

Падна хеликоптер на МВР при полетување на скопскиот аеродром, при што едно лице е повредено. Според првичните информации, во хеликоптерот имало пет лица. Откако полицискиот воздухолпов наполнил гориво, од засега непознати причини паднал при полетувањето. Како можна причина за несреќата се наведува и силниот ветер.

„Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР, „M17“ од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди“, велат од МВР за „А1он“.

На лице место увид вршат припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип