ХДЗР Месечина: Дебата за потребите на Ромите во Гостивар

Од:

Хуманитарното добротворно здружение на Ромите „Месечина” – Гостивар синоќа организираше дебата на која учествуваа и петмина кандидати за градоначалници на општина Гостивар. Во фокусот беа потребите и барањата на ромската попупација во пресрет на локалните избори.

Во првиот дел од трибината кандидатите образложија делови од нивните предизборни програми со проекти кои се однесуваат на граѓаните Роми и населбите во кои тие живеат.

По презентацијата на проектите, кандидатите одговараа и на прашања од граѓаните, со кои беа опфатени и теми поврзани со образованието, социјалата, домувањето и интеграцијата на Ромите.

Прашањата главно се однесуваа на застапеноста на ромската популација во локалната администрација, условите во кои кои живеат семејства и нивно подобрување, вработување на наставен кадар од ромска националност.

Организаторите на трибината ХДЗР „Месечина“ напоменаа дека ова е можност секој од кандидатите за градоначалници во пресрет на локалните избори да се запознаат со предизвиците и проблемите со кои се соочува ромската популација, да ги слушнат размислувањата за решавање на потребите на локално ниво.

На трибинита, од седумте кандидати за градоначалници, не присуствуваа кандидатите за градоначалници од Демократската партија на албанците (ДПА) и Социјал демократската партија на Македонија (СДПМ).

Би можело да ве интересира

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ