Хаос на „Партизанска“, скопјани револтирани од политичарите

Од:

Повеќе од еден час е потребно да се помине низ „Партизанска“, поради вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Улицата „Илинденска“ е затворена за сообраќај уште од изутрина, поради што сите возила се насочени кон „Партизански одреди“, со што се создаде хаос и чекање од по еден час.

Скопјани револтирани стискаа на сирените на возилата и речиси сите порачуваат дека им е доста од митинзи.

Порачуваат дека партиите не може да си дозволуваат повеќе да го блокираат градот и во иднина да пронајдат други локации.

Редовно на сите избори, на митинзите на партиите во Скопје се затвораат улици уште од полноќ, а потоа дополнително се блокира градот со носење автобуси од цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски