Хаос и драма во Град Скопје: Арсовска да се моли пред слика од Мицкоски, Славески исклучува микрофони, таа го нарекува „Талат“

Од:

Театар се случува на седницата на Советот на Градот Скопје. Претседавачот Трајко Славески и се налути на градоначалничката Данела Арсовска додека таа го бранеше планот за вработување идната година на Водовод и Канализација и бараше да се одобрат вработувања на 120 лица. Откако советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ побара советниците да не даваат поддршка за планот, Арсовска од говорница го употреби изразот „рачиња во медот“ додека зборуваше за разрешениот директор Златко Перински. Тогаш во одбрана се влучи Славески, кого Арсовска го нарече: „Талат Славески“.

„Имајќи во предвид дека директорот по неговото стапување од функција ги раскина договорите на преку 100 лица во ЈП, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме, за да не го оптеретуваме со терет да се стави во искушение да вработи некого во ЈП во 2023 година“, кажа советникот Малиша Станковиќ.

Возврати и Арсовска.

„Многу чудно е како никој од вас не праша како успеал овој вашиот директор на јавново претпријатие да вработи над 100 луѓе за два месеци, ама сега на овој новиов кој пред тоа исто така можеби е ваш поддржувач не можеме да знаеме, прејудицирате дека нешто ќе направи во иднина па не поддржувате работа на јавно претпријатие и негова програма. Немојте потоа да барате од овој човек резултати, ако не дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одговорност ако вработи над 100 лица за два месеци, како што вработил овој претходно кој што го фативме со рачињата во медот. Тогаш се бара одговорност. Зошто не прашате како успеал, кај ги најде бе овие 120 луѓе да ги вработи за два месеци? Како ги најде? Тој што ги спопикал внатре, не им обезбедил решенија за работа бидејќи за тоа треба оглас да се пушти и треба да биде транспаретно. А тој си ги собрал од месни комитети за да земаат пари и пари, небројани пари таму и никого не известил за никого“, кажа Арсовска.

На ова следуваше реакција од Славески кој рече дека разрешениот директор на Водовод, Перински, не е медар. Советниците се смееја.

„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а се уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на Водовод и Канализација не е пчелар. И јас замолувам, советот доколку има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.

Градоначалничката на Скопје му врати.

„Минатиот пат кога бев на оваа говорница, имаше преседан, кога за првпат, претседател на Совет исклучувал градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако вие сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник, не сум хаус мајстор. Така да, ако зборувате за јавни навреди, што пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за да другите слушаат што говорите“.

Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.

„Минатата и оваа седница, слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овдека има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.

Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.

„Во секоја реченица, градоначалникот употребува со погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало, да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше потписи да собере, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беше ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржам кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, и рече Андоновски.

Арсовска имаше одговор и на ова.

„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозовла да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи ниту треба да услов за да некој му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.

Трајковски и го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.

„Господине Талат Славески јас ве замолувам…….“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак и го исклучи микрофонот.

„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз