Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Од:

Секторите безбедност и животна средина не само што се меѓу најизложените на корупциски ризици туку и играат важна улога во процесот на европската интеграција, оцени денеска директорот на Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) Алберт Хани на денешната обука за претставници на полицијата и МВР во областа на процена на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување корупција, организирана од РАИ.

Хани нагласи дека, иако седиштето на организацијата е во Сараево, тој како директор настојува некои од активностите што придонесуваат за борбата против корупцијата во регионот да се реализираат и во земјата.

– Особена чест ми е да соработувам со Агенцијата за спречување на корупцијата и со Министерството за правда, кои се дел од нашиот управен одбор. Тука сме за да имплементираме активности за едукација и јакнење на свеста за борбата против корупцијата, особено преку идентификување на ризиците во секторите за безбедност и животна средина, два сектора што се идентификувани како ранливи – рече Хани.

Тој потсети дека РАИ претходно работела на процена на ризици во културата и образованието, а актуелните сектори – безбедност и животна средина – се особено значајни бидејќи, како што нагласи, не само што се меѓу најизложените на корупциски ризици туку играат и важна улога во процесот на европската интеграција.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали будeњето на свеста е доволно ефикасен механизам, Хани истакна дека ниедна институција сама не може да го реши феноменот на корупцијата.

– Корупцијата е феномен што постои насекаде, не само кај нас. РАИ обединува девет држави од Југоисточна Европа и слободно може да се каже дека со овој предизвик се соочуваат буквално сите држави. Механизми постојат, затоа и постоиме ние – да им помогнеме на државите да развијат механизми преку кои ќе се создадат услови коруптивните договори да бидат поскапи, потешки, неисплатливи и, секако, ненаградувачки – нагласи Хани.

Обуката ја организира Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) во соработка со националните институции.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски