Хан: Кристално јасна порака до Мицкоски и поддршка за Богојевски, Тодоров и Александрова

Од:

„Убава средба“ предмалку на Твитер напиша еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан по кусата средба со делегација на реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ, во состав Петар Богојевски, пратеничката Емисија Александрова и поранешниот министер Никола Тодоров, кои пред извесно време беа исклучени од партијата, а на покана на претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жпзеф Дол, присуствуваат на Конгресот на партијата во Хелсинки.

„Им честитам на нивната храброст и храброста покажана во гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии треба да работат на агендата на ЕУ, кон која сакаат поголемиот дел од граѓаните“, твитна Хан од Хелсинки.

Претходно, синоќа, еврокомесарот имал средба и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека со со него има „корисен разговор“.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа сега мора брзо да заврши, без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја попречува постапката во Парламентот. на интеграцијата во ЕУ и треба лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата, што се оддржала на маргините на Конгерсот на ЕПП во Хелсинки.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски