Хакатон за развивање еколошки мобилни апликации

Од:

Интерактивна работилница и хакатон за развивање мобилни апликации во полето на екологијата „ReFresh F5“ од денеска до 7 декември организира Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и инжинерство во Скопје.

Хакатонот е на иницијатива на професорите и студентите на ФИНКИ и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои што се соочуваме и да работат кон нивно креативно решавање.

Натпреварувачите во следните три дена во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации ќе креираат свои мобилни апликации, под менторство од експерти од областа.

Настанот е организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ, со поддршка од ФИНКИ, Македонска секција на ИЕЕЕ, Регионалниот центар за социјални иновации, Програма за развој на Обиденетите нации и Министерстово за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он