На граничниот премин Ќафасан попладнево и вечерва се создаде гужва поради големиот број на граѓани кои се враќаат од годишен одмор во Албанија.
Според АМСМ, за влез во Македонија се чека околу 30 минути. На другите премини од македонска страна, како што соопшти АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.