Групна венчавка во кумановско Бедиње

Од:

Петнаесетина двојки денеска се венчаа во црквата „Света Петка“ во кумановско Бедиње.

Свештениците во црквониот двор пред кумовите и роднините венчаа парови, кои со години се во граѓански брак, најголем дел од нив со деца и внуци.

Антониј Стојковски, старешина на црквата „Света Петка“ информира дека ова е второ групно венчавање.

– Со благослов на неговото високоправосвештенство, митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф се организира групната венчавка. Се надевам дека ова ќе биде кратко – годишна традиција и дека ќе ги венчаме сите парови, кои пропуштиле да се венчаат, рече свештеникот Стојковски.

Тој апелираше до младите да не пропуштаат да се венчаат во црква и ги повика заинтересираните да се обратат кај свештениците за еветнуални недоразбирања или нејаснотии со цел, како што истакна, да добијат Божји благослов пред почетокот на нивниот заеднички живот.

Педесет годишниот Јовица Ванчевски и неговата 44 годишна сопруга Јадранка денеска се венчаа во црква по 25 години брак.

– Оваа година одбележуваме сребрена свадба 25 години. Тогаш пропуштивме да се венчаме во црквата, но никогаш не е доцна. Имаме двајца синови веќе стасани за женидба. Оваа е убава христијанска обврска и препорачувам секој да ја испочитува, нагласи Ванчевски.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе