Група за граѓански активизам за помош на настраданите

Од:

На социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе активно и континуирано функционира групата “Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“.

Од граѓаните коишто ја водат иницијативата за граѓанска ангажираност за помош на настраданите и граѓанската помош за санирање на штетите во сите настрадани подрачја се апелира сите граѓани коишто се активни на социјалната мрежа и сакаат континуирано да помагаат и континуирано да се во тек со сите случувања и потреби од граѓански активизам да се зачленат во јавната група.

Во групата, редовно се објавуваат информации за:

– потребна помош од волонтери;
– потребна помош во вид на донации;
– информации за нови собирни места за помош;
– информации за расположливи човечки ресурси за директна помош;
– информации за состојбата на терен, и во настраданите подрачја и на местата за собирање донации.

Администраторите и модераторите на групата се организирани со континуирани дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за иттно интервенирање и повикување на надлежни институции, теренски активизам итн. Се работи во смени, поради потребата и од теренска активност во којашто активно учествуваат и администраторите и модераторите на групата. Во групата има достапен упатен администратор или модератор, 24 часа.

Преку групата, организирано ќе се постапува во секој миг на потреба на граѓански активизам и согласно потребите ќе се организираат настани коишто се потребни.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он