Група мигранти забележана кај кочанското село Мородвис

Од:

Жители на кочанското село Мородвис претпладнево забележале група мигранти кои се движеле во близина на населбата и барале продажен објект за да набават прехранбени продукти.

Од продавницата сместена во етно-куќата во Мородвис тие купиле поголема количина прехранбени производи, а плаќањето го извршиле со македонска валута.

– Непознатите лица дојдоа од правец на планината Плачковица, поради што претпоставуваме дека во текот на ноќта се криеле кај манастирот над селото. Мислам дека се работи за поголема група, но до продавницата дојдоа само тројца мажи. Настанот го пријавивме во Полициската станица во Кочани, по што дојдоа полициски службеници и направија увид. Во меѓувреме, мигрантите побегнаа, оставајќи зад себе дел од личните предмети и од набавените продукти, истакна Александар Кулески, жител на Мородвис.

Пред да дојдат полицијаците, мигрантите се днесувале коректно, а според жителите на Мородвис, целта им била да најдат начин за понатамошен транспорт кон македонско-српската граница.

Од Секторот за внатрешни работи во Штип го потврдија настанот, но не излегоа со детали дали станува збор за мигранти или други лица, затоа што се работело на документирање и дополнителна идентификација.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод