Груевски: Жерновски во услови на безидејност, глуми жртва

Од:

Премиерот Никола Груевски вели дека подржува секој човек, група, заедница, здружение или било што на мирен начин да изрази револт, но не подржува употреба на сила.

Во случајот на „Веритас“, оние кои во име одбрана на црквата протестираа пред општина Центар, смета дека постоела сериозна причина за протест, но кршењето прозорец не било најсоодветно.

„Инаку, во тој случај имаше јасна намера на градоначалникот на Центар, од црквата да направи дива градба. Инаку, постапката која ја тера градоначалникот, е незаконска и инспекцијата за локална самоуправа има законско право да ја поништи доколку се донесе. Ако толку многу сакаше да тера по закон градоначалникот, можеше планот да го даде на Уставен суд, а не да создава вакви тензии.

– Но, очигледно, во услови на безидејност и немање ниту еден реализиран проект, на човекот му требаше причина да се експонира и да одглуми жртва. За тоа, морам да признаам го бива. Инаку, факт е дека тој во првите два, три месеци откако стапи на функција се покажа дека не е градоначалник кој сака да создава, да гради или решава проблеми. Напротив, тој со своите изјави ги одвраќа и инвеститорите да инвестираат во таа општина. А ако нема инвеститори тој нема да има ни пари нешто да изгради“, вели Груевски.

Груевски го оправдува однесувањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи вели, била соочена со неправдата и лошата намера на градоначалникот Груевски вели дека знае дека нивната намера не беше деструктивна, туку напротив, да спречат деструкција на скоро изграден црковен објект.

„Дали го одбраа најсоодветниот механизам и дали на тој начин треба да се делува, е прашање на кое може да се даде различен одговор. Јас насилство и деструкција не можам и нема никогаш да оправдам, а одговорност за случувањата таму имаат сите чинители.

– Треба да извлечеме поука, и да продолжиме понатаму со вредностите во кои веруваме. Сметам дека кај нашата советничка група и постоеше извесно чувство на вина, но за среќа брзо се сфати грешката, и понатаму не се повторуваше. Тоа е нашата предност над СДСМ. Кога ќе згрешиме знаеме и да признаеме, и да се извиниме ако треба, и што е најважно да се корегираме“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он