Груевски: Заев и СДСМ прават директна штета на економијата, тоа го констатира и ММФ

Од:

Заев  и СДСМ  прават директна штета на економијата, а тоа го констатира и ММФ  и ја намали проекцијата за планираниот раст на Македонија за годинава од 3,8 на 3,4 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.

– Од она што го видов од Извештајот на ММФ главната забелешка е зошто се зголемени платите на полицајците. Меѓутоа, нотирано е и дека со подобрената бизнис клима од страна на Владата овозможени се повеќе инвестиции, отворање многу нови работни места и зголемен извоз. Исто така, нотирано е дека политичката криза веќе влијае на економијата и од тие причини проекцијата на ММФ е намалена од 3,8 на 3,4  за оваа година, рече Груевски нагласувајќи дека ММФ веќе констатира дека тоа што го прави Зоран Заев и СДСМ влијае на економијата поради што нема да има таков раст како што претходно се очекуваше.

Растот на економијата, како што рече, се уште се очекува да биде висок, но не толку колку што претходно се очекуваше. – Практично Заев и СДСМ со ова што го прават прават директна штета на сите граѓани на Република Македонија во делот на економијата, нагласи Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија