Груевски: За името одлучува народот

Од:

Името е на државата, на народот. Само народот може да одлучува за името и тоа на јавно распишан, организиран референдум. Само народот може да одлучи дали, кога и како би се менувало или не, името на државата, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на промоцијата на партискиот кандидат за градоначалинк на Скопје Коце Трајановски.

– Во последно време гледам го враќаат во игра името. Ја вадат темата повторно. Откако со насилство и со бојкот им завршија голема работа на оние кои ја попречуваат Македонија во европските интеграции, и тоа не им е доволно. Сега пак почнаа да шпекулираат со името. Сакам да му кажам на Бранко. Еднаш, двапати, безброј пати сум кажал, а тоа го има и во нашата програма, дека името е на државата, на народот. Само народот може само да одлучува за името, рече Груевски.

Црвенковски од него, како што напомена, не може да очекува исто да постапи.

– Како пред 20 години, кога во договор во четири очи, тајно и конспиративно го промени името и потоа викаше дека тоа ќе било за само два месеца, а потоа дека се ќе се врати по старо. Не се чепкај Бранко за името. Народот памети и одлучува. Запамети го тоа, порача Груевски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска