Груевски за Алек Теранова: Ако имало купено земја и станови, кога сум го барал од Будимпешта ќе барал да му ги платам

Од:

Експремиерот Никола Груевски и бегалец во Унгарија, по сведочењето на Александар Ивановски-Теранова во случајот „Плацови на Водно“, негира дека тој директно или преку друго лице побарал да се купи земјиште, како и дека платил пари за тоа. За станот кој го купила секретарката на Ивановски-Теранова, а за кој, кажа дека пари обезбедил Груевски, експремиерот вели дека не дал пари никому.

dobivaj vesti na viber

„Сведокот Ивановски говорел дека одлуките да ги купи тие станови и едно од тие земјишта биле мотивирани од тоа што трето лице му рекло да го направи тоа и дека јас наводно сум го барал тоа од тоа трето лице, кое што пак лице, денес во судницата тоа го негирал. Потврдувам дека од никого не сум побарал да купува било што за мене, или да побара од друг да го прави тоа, ниту сум давал парични средства за такви цели било кому. Во поголем дел и сведокот Александар Ивановски потврдил дека не добил никакви и од никого пари за истото. Од она што можев да разберам тој кажал дека за земјиштето и станот купен од фирмата ИКТ не добил од никого пари, и дека тој вложил лични пари, што значи истите се негови и ден денес и тој стан на фирмата ИКТ јас со договор го изнајмив од сопственикот. Иако целосно не разбрав добро што кажал околу тоа со чии пари го купил во 2008 година станот со големина од околу 38 мкв (вториот од двата за кои склучив договор за закуп со сопственикот), потврдувам дека ни за тој стан ниту некој ми побарал, ниту некому сум дал пари. Ако е точно тоа дека Ивановски во судот рекол дека јас сум обезбедил 40 илјади евра за тој стан, го повикувам да понуди доказ за тоа, особено што во 2008 година јас не го познавав, незнаев ништо за него, ниту го имав во тоа време сретнато било кога претходно во животот Александар Ивановски“, пишува Груевски.

Околу сведочењето на Сержоја Марков, адвокат кој ги подготвувал документите за фирмата „Сирах инженеринг“, а кој кажа дека Александар Ивановски-Теранова барал услуга во име на Груевски, експремиерот вели дека наседнал на трик, бидејќи тоа не било точно.

„Истиот адвокат напоменал и дека јас никогаш такво нешто не сум побарал од него, туку очигледно наседнал на трик вообичаен за балкански бизнисмен кој лажно се повикува на високи често и политички авторитети за да издејствува нешто за себе.

Груевски не кажува дали навистина по бегството во Будимпешта барал од Ивановски-Теранова да купи стан во Центар, каде според тврдењата на сведокот, требало да се преселат неговите деца и сопруга.

„Најинтересно е во делот каде тој укажал дека по моето доаѓање во Будимпешта во разговор по телефон сум побарал да купам од него како сопственик на фирма која гради станови, стан во Центар, а тој дури ни тогаш не ми рекол дека тој веќе има купено станови и земјиште за мене со негови пари, кои јас не сум му ги платил. Логично би било ако имало купено станови и земја за мене во таа прилика кога веќе немам ни никаква државна или партиска функција од која би црпел некаква моќ, или барем да ме извести или да бара да му ги платам, откупам и слично, туку се концетрирал да ми објасни дека нема станови за продажба во Центар“, додава Груевски.

Експремиерот и бегалец се сомнева дека Ивановски-Теранова е уценет од страна на обвинителката Лиле Стефанова поради политички мотиви.

„Со обзир дека сите овие конструирани и политички мотивирани случаи произлегуваат од начинот на кој Зоран Заев сака да се справува со политичките неистомисленици и на таков начин создавајќи лажна слика во јавноста, сака преку дефокусирање на народот да го продолжи своето владеење, укажувам дека ваквите случаи се крик на очајот токму на овој човек. Заев го контролира обвинителството, судството, директно влијае или се обидува да влијае на многу сведоци и ги контролира поголем дел од медиумите кои денес во најголем дел еднострано и пристрасно известуваа, обидувајќи се да ги истакнат оние делови со кои Заев би бил задоволен, а да ги прикријат деловите во кои одбраната во многу делови го побила сведокот и тој тоа го признал или признал дека зборува без никакви докази и аргументи. Тоа нема да му помогне на Заев кој политички тоне и пропаѓа, особено сега кога народот полека се освестува гледајќи каков измамник и криминалец ја води и уништува Македонија“, додава Груевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Адвокатот на Груевски за уривањето на „Космос“: Треба да биде ослободен, не сторил ништо

Кристијан Ландов

Груевски и Мијалков на црната листа на САД

А1он

Сијарто: Екстрадицијата на Груевски е правно, а не политичко прашање

Ана Ололовска

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

Ана Ололовска

„Плацеви на Водно“: Алек Теранова тврди дека оставал бланко потписи кај адвокат за фирмата на Белизе, адвокатското друштво негира

Кристијан Ландов