(ВИДЕО) Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е под напад

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во партиското седиште одржа прес-конференција на која што го осуди нападот врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

– Денес во Македонија се случи обид за атентат врз Никола Тодоров кој до пред неколку часа беше заменик на претседателот на Владата и министер за здравство, кој истовремено е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, носител на изборната единица број два и истовремено шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Тој кажа дека обидот за убиство бил недвосмислен, свиреп и со умисла, бидејќи од непосредна близина било пукано кон Тодоров, кој што се спасил поради присебноста и брзата реакција од првиот испукан куршум, а реакцијата на полицијата го спасила од вториот.

Груевски оцени дека до овој обид за убиство дошло по создадената атмосфера од СДСМ и довчерашната опозиција.

– СДСМ, Зоран Заев, куп НВО финасирани од Соросовите инсталации, шарената платеничка револуција цели три години градат атмосфера за ова денес да се случи. И се со единствена цел, СДСМ да дојде на власт, Зоран Заев да стане премиер, ВМРО-ДПМНЕ да се испрати во опозиција и по можност да се уништи. Врз Тодоров и врз сите нас три години се фрлаат етикети, лажни обвинувања, се манипулира со се што работевме, со лажни информаци се создаваше хистерија, и се користеа сите методи за наше оцрнување и прикажување во најцрно светло. Денешниот обид за убиство не беше случаен. Бил подготвуван, денес било трагано по него со одење во неговиот дом, и веќе е јасно дека е политички поттикнато со градење атмосфера против Тодоров, кажа Груевски.

Тој напомена дека од 2014. година Тодоров, кој, според Груевски, чесно и одговорни си ја извршувал работата, од страна на СДСМ, Зоран Заев и невладиниот сектор бил нарекуван „министер за смрт“.

– За да дојдат на власт, за да го убедат народот нас да не мрази, а нив да ги изгласа, поигрувајќи си, и злоупотребувајќи ги чуствата и емоциите на народот, и особено на блиски на пациенти кои починале или се во одредена тешкотија, оваа платеничка и злосторничка група, алчна за власт непрекидно и континуирано, со лаги и манипулации градеа атмосфера која денес резултираше со обид за атентат на Никола Тодоров, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го спомена и случајот со пронајдената бомба во домот на родителите на Антонијо Милошоски.

– Пред неколку дена со влез во зградата каде живее Гордана Јанкуловска, непознати лица влегле и го демолирале нејзиниот автомобил, очигледно како порака од некого. Вакво однесување СДСМ имаа и кога дојдоа на власт во 2002-рата, кога вечерта по објавување на резултатите, во возилото во кое се движев беше испукан куршум, кој за среќа не ме погоди. Сторителот не се најде тогаш. Сторителот не е најден ни во случајот со поставената бомба во дворот на родителите на Антонијо Милошоски. За среќа, денешниот сторител е совладан од полицијата на лице место. Доколку не беше совладан тука, доколку случајно не се најде полиција да го совладаат и доколку избегаше, можеби и него немаше да можат да го најдат, изјави Груевски.

Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е под напад и дека против нив се води хајка и се поттикнуваат одмазнички кации.

– Се прашувам, дали за ова се бореа сите подржувачи на СДСМ, и оние однатре и оние однадвор. Дали ова е животот кога денес требаше да дојде во Македонија? ВМРО-ДПМНЕ е под напад. ВМРО-ДПМНЕ е под оган. Од сите страни и со сите средства. Ова е хајка и поттикнување одмазднички акции. Очигледно вака ја замислува демократијата СДСМ. Ова е срам за државата, срам за демократијата и за ова како поттикнувачи своја вина носат сите оние кои ја потпалуваа атмосферата и народот исто така беше потпалуван од нив цели три години, со цел да дојдат на власт, бидејќи поинаку, со идеи, со работа, со резултати неможеа да дојдат на власт, рече Груевски.

Според него, три години секој ден се слушал зборот „револуција“ и дека нормална последица на подгревањето атмосфера за револуција било да се заврши со убиство, односно обид за убиство, како тој врз Никола Тодоров или Антонијо Милошоски.

– Напоменувам дека повеќемина од раковоството на ВМРО-ДПМНЕ се под закана во ваквата креирана атмосфера. Јас лично и моето семејство подолг период сме под јавна закана од повеќе страни, тргнувајќи од соопштенијата на ОНА, па преку разни криминални и политичко новинарски структури кои објавуваат статии како го замислувале моето убиство и погреб. Инспиратор, мотиватор, подготвувач на оваа атмосфера е тој кој три години во немоќ по нормален пат да дојде на власт ја гради. За тоа ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност. Одговорност и од сторителот, но и од поттикнувачите. Ова дело може да се повтори, може да се повтори на било кој друг и било кога, смета Груевски.

Според него денешниот случај бил само кулминација на атмосферата што подолг период се градела во Македонија и дека овој случај немало да ги заплаши ниту премисли во нивното делување.

– Ние ќе продолжиме да бидеме на страната на вистината, на страната на правдата, на страната на државните, и на страната на националните интереси на Република Македонија, заврши Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он