Груевски вечерва ќе се сретне со докторите кои штрајкуваат

Од:

Докторите кои се предводници на штрајкот во здравството се поканети на средба во Влада на Република Македонија лично од Премиерот Никола Груевски.

Според најавата средбата треба да се одржи во 20 часот во просториите на Влада на Република Македонија, каде што ќе имаат можност докторите да го искажат своето незадоволство.

Груевски уште викендов најави дека ќе ги прими докторите на средба доколку има за што да преговараат.

– Доколку има какви било  проблеми со бодувањата подготвени сме да разговараме за тоа, меѓутоа што се однесува до опстојувањето на овој систем, односно до барањето тој да се поништи, не сме подготвени да разговараме за такво нешто затоа што ова е проект што долго го подготвувавме и го ветивме во нашата програма пред граѓаните, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он