ВИДЕО: Груевски утринава дојде на „Траекторија“, но не ја слушна пресудата за „Тенк“

Од:

Експремиерот Никола Груевски изутринава дојде на судењето за „Траекторија“, но тоа се одложи и тој си замина од судот, не чекајќи да ја слушне пресудата за случајот „Тенк“, со која е осуден на 2 години затвор за набавка на луксузниот владин мерцедес.

Судијката Добрила Кацарска попладнево соопшти дека Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание.

Ѓоко Поповски од МВР доби 6, 5 години затворска казна. Адвокатите на Груевски и Ѓоко Поповски најавија жалби на одлуката на судот.

„Право на обвинетиот Никола Груевски е да не се појави на изрекување на пресуда“, рече по изрекување на одлуката за случајот Тенк“, Димитар Дангов, адвокат на поранешниот премиер.

Запрашан зошто Груевски не се појави на изрекувањето на првата пресуда против него за постапките на СЈО, Дангов кратко одговори дека неговиот клиент бил утрово во старата зграда на основниот суд Скопје 1 на судењето за случајот „Траекторија“.

Но, тој додаде дека не знае зошто неговиот клиент не се појавил на пресудата и дека правото на отсуство му го дозволува законот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош