Груевски утре за шлаканиците ќе го суди судијата кој правеше истрага за смртта на Никола Младенов

Од:

Во кривичниот суд утре треба да почне од почеток судењето за случајот со насилството пред Општина Центар, во кое првообвинет е експремиерот Никола Груевски, заедно со Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и десетина други лица… Според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев, предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1. Јосифов го доби предметот од Татјана Михајлова, а со распоредот на Џолев од месецов суди прекршоци во бараките во Градскиот парк во Скопје.

Името на судијата Јосифов низ медиумите почна да се споменува во 2013 година, кога, како истражен судија правел увид на местото каде што загина новинарот Никола Младенов, сопственикот на неделникот „Фокус“. Медиумите пишуваа дека тој предвреме го напуштил увидот, дека не се снашол во увидот и дека тоа му бил прв случај на којшто работел. Во бомбите на СДСМ можеше да се чуе разговор на ексминистерката Гордана Јанкуловска и порпаролот во МВР, Иво Котевски, во кој на судијата му предвидуваат дека ќе суди прекршоци бидејќи не се снашол како истражен судија во предметот. СДСМ објави и пораки од комуникација на Јанкулоска и Груевски, во која ексминистерката го информира поранешниот премиер дека судијата не се снаоѓа најдобро во увидот.

Фото од смс-комуникацијата меѓу Јанкулоска и Груевски (прес-конференција на СДСМ)

Во предметот на СЈО, „Насилство“, четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски признаа вина и добија условни казни, а за обвинетиот Димче Крстев се води издвоена постапка. Останатите 11 обвинети се изјаснија дека не се виновни.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство