Груевски: Суетата на Црвенковски е причина за блокадите, нема потреба од лидерска

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека не смета дека е потребно одржување лидерска средба за деблокирање на носењето на буџетот во Собранието, бидејќи причина за блокадата е суетата на лидерот на опозициската СДСМ.

– Не се работи за лидерска средба, се работи за суетата на еден човек, тоа е Бранко Црвенковски и за неговиот политички опстанок, изјави премиерот Груевски.

Ние, додаде тој, дадовме четири предлози за компромис за буџетот и сите ги одбија.

– Што да се собереме на лидерска средба да си ги грабаме микрофоните пред нас, нема логика. Станува збор за суетата на еден човек, за неговата политичка кариера. Во залог става два милиона луѓе. Би свикал таква средба да има таква логика, да знам дека нешто сериозно се размислува во тој табор или дека се прават некои сериозни калкулации. Таму има една размисла како да опстане еден човек во политиката. Што да разговарам со него на таа политичка средба. Поминале 21 година откако е во политиката, направил што направил, луѓето го ценат или не го ценат тоа што го направил, рече премиерот.

Премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на Руфи Османи од НДП за формирање широка влада, изјави дека гостиварскиот градоначалник треба да освои повеќе од два проценти на изборите за да дава такви предлози.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања