Груевски спинува иако е јасно што кажа вчера на митингот

Од:

По бурните реакции од страна на јавноста за изјавата на Никола Груевски, кој на минигот во Делчево јасно изјави дека ако Гоце Делчев бил жив во денешно време, ќе го испрател Ќосето да ја заврши приказната со Зоран Заев, денеска се обиде да ја спинува сопствената изјава велејќи дека зборувал за времето во кое живеел Гоце Делчев.

Оваа изјава нормално беше пренесена од медиумите блиски до власта, обвинувајќи ги останатите медиуми дека погрешно ја пренеле изјавата на Груевски и бранејќи ја денешната излитена теза на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски вчера рече дека Заев не смеел да го цитира Делчев.

– Јас ќе му кажам. Да беше Делчев денеска жив, тој нема да можеше со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек, рече вчера Груевски.

Денеска пак, тој вели дека не повикувал да се ликвидира Заев, туку зборувал како би било во тоа време.

– Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел што би направил Гоце Делчев. Денеска ја имаме слободна и независна, суверена држава, демократска, во која народот одлучува и во денешно време народот ќе го реши овој проблем на 11 декември со масовно излегување и гласање против СДСМ и политиките на Заев, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија – изјави денеска Груевски во Муртино.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он