Груевски со жалба до Кривичниот совет бара одложување на издржувањето на затворската казна

Од:

Адвокатите на експремиерот Никола Груевски, осуден на двегодишна затворска казна, вчера поднеле жалба до Кривичниот совет за одложување на издржувањето на казната.

Претходно одбраната на Груевски по одлуката на Апелацискиот суд со која се потврди одлуката на Кривичниот суд, поднесе жалба за одложување на затворската казна која беше одбиена од страна на судијата одреден за извршување на санкција.

Ова е последна можност на Груевски за одложување на казната пред случајот да отиде во Врховниот суд. Доколку кривичниот совет го одбие и ова барање, Груевски ќе мора да се пријави во затворот во Шуто Оризари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Полицијата го чува Саркози во затвор