Груевски: Со посетата на Нимиц веројатно ќе има одредено раздвижување во процесот

Од:

Со доаѓањето на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц во Грција и во Македонија, веројатно ќе има одредено раздвижување во процесот, оценува премиерот Никола Груевски.

Тој, сепак, на посетата на Нимиц на двете држави гледа како на негова редовна активност.

– Вообичаено, јас не давам изјави пред доаѓањето на господинот Нимиц, особено поради тоа што тој самиот треба тоа да го направи па да каже зошто доаѓа, ако доаѓа и така натаму. Не би сакал да му импутирам некои работи што јас ги мислам или како ги мислам. Би кажал општо само дека со ова доаѓање, веројатно ќе има одредено раздвижување во процесот.

– Колку тоа раздвижување ќе биде поголемо или помало останува да се види. Во секој случај, станува збор за негова редовна активност за посета на двете држави, а за се понатаму би ве упатил да го прашате него, изјави премиерот Груесвки по обиколката на градежните активности на автопатот Демир Капија – Смоквица, кај Миравци.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски