Груевски: Со поевтинување на огревното дрво, Владата им излегува во пресрет на посиромашните граѓани

Од:

Владата преку ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош. Ваквата одлука ќе важи до 30 септември годинава.

– Владата одлучи повторно да им излезе во пресрет на посиромашните граѓани и на социјално ранливите групи и ја намали цената на буковото огревно дрво. За луѓето кои живеат во градови можеби тоа не значи ништо и е  безначајна мерка за нив, но за оние што се греат на дрво и живеат во порурални места, а некои од нив и во градови, знам дека ќе им значи многу, рече премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода.

Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015 денари. Овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски