Груевски: Што да кажам за СЈО, кога тие што го бранеа, сега сакаат да го нема

Од:

Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски на својот фејсбук профил ги искоментира последните случувања во државата.

„Што да кажам сега за СЈО кога тие што го бранеа, додека во овие две години кажував како лично гледам во судот колку противзаконски, партиски мотивирано и насилнички постапува “строејќи” ги и судиите, сега викаат дека треба ден порано да го нема?? Да не им е веќе пред очи??. Што да коментирам за тие кои сакаа неправедно да ме затворат, заради криминалот кој го правеле ?додека ме прогонуваа и се изживуваа со мене и со многу други, сега се тресат на секој шум … да не дошле по нив…??????? и така искомпромитирани и контаминирани се оградуваат од самите себе?‍♀️??‍♂️?.

Да се објаснувам сега со давеникот Заев кој со секоја изјава самиот се “дозакопува во жива кал”, дека додека јас бев премиер НИТУ ЕДЕН учебник по историја во Република Македонија не се смени и последното менување и правење учебници по историја е од времето на СДСМ? Таму де, каде пишува се за Александар, Филип, Аминта Трети, за Гоце, Даме, Јане, …и остантите “украдени” од “украдената историја”. Ени ги, авторите и академиците кои низ своите јавни настапи многу помогнаа Заев да стане премиер. Сами му одговараат на Заев, бараат да престане да и прави штета на државата, му објснуваат дека Македонија има свој дел од античката историја, дека го руши тоа што со децении науката го градела, дека е пироман и дека ја води Македонија кон бездна…, кажете ми, што јас да додадам повеќе од нив?“, пишува Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он