А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Се надевам на позитивен одговор од Самарас, со дијалог можеме до решение

by А1он08/07/2013 - 13:2708/07/2013 - 13:46139
Share0

Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите со ЕУ и за членство во НАТО, меѓународното право е на наша страна што е потрдено и од Судот во Хаг, но и покрај тоа Грција ја блокира македонската евроатлантска интеграција.

Добивај вести на вибер

Инициравме поинтензивен дијалог, испратив писмо до грчкиот премиер, се уште нема одговор, но се надевам дека ќе биде позитивен, истакна премиерот Никола Груевски по средбата во Вилнус со неговиот литвански колега Алгирдас Буткевичиус.

– Ние ги исполнивме потребните критериуми да ги започнеме преговорите уште во 2009 година, но тоа беше одложено поради блокадите од нашиот јужен сосед. Потоа отидовме во Меѓународниот суд на правдата во Хаг каде што победивме.

– Тоа е суд основан од ОН што кажа дека Македонија е во право. Меѓународното право е на наша страна, но членството на Грција во ЕУ и НАТО е на нивна страна. Моќта на ветото што ја имаат е на нивна страна. Се обидуваме да иницираме дијалог со нив што претставува најголемиот проблем во моментот бидејќи имаме чувство дека не се толку фокусирани на решавањето на ова прашање и дијалогот со нас, изјави Груевски.

Посочи дека неодамна испрати писмо до грчкиот премиер Андонис Самарас во кое го поканува да почнат поинтензивен дијалог на ниво на премиери заедно со повеќе министри, под чадорот на ОН и медијаторот Метју Нимиц, со цел во што пократок период да се реши прашањето.

– Досега се уште немам одговор, а помина околу една недела откако го пратив писмото и се надевам дека во следните денови ќе добијам позитивен одговор. Ако има позитивен одговор и ако започнеме со интензивен дијалог можеби постојат шанси да се дојде до решение бидејќи до решението може да се дојде само преку дијалог, а ако нема дијалог нема решение. Ако има дијалог има шанси за решение, истакна претседателот на македонската Влада. 

Литванскиот премиер Буткевичиус нагласи дека неговата земја како членка на Вилнус групата, активно го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Очекуваме целосно да се имплементираат европските стандарди и правила, како и одржување на одлична билатерална соработка. Ја поздравуваме ангажираноста и посветеноста на македонската Влада за создавање соодветни услови за слобода на изразување, како и слобода на медиумите. Исто така многу сме задоволни што Македонија го спроведува проектот за градење  капацитети за членство во ЕУ и очекуваме негова успешна имплементација, рече Буткевичиус.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен