Груевски: СДСМ продолжува со подмолни лаги и манипулации

Од:

Во немоќ да ме победат на чесен и достоинствен начин на избори, СДСМ продолжуваат со подмолни обиди, лаги и манипулации да создадат мислење за мене дека нешто сум манипулирал со средствата прикажани во анкетниот лист, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во писмената реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Груевски уште еднаш демантира дека од 2014 до 2015 година месечно заработувал по 10 илјади евра и нагласува дека остварените приходи во последните години му се од платата и каматите од депозити од претходните години.

– Во врска со вчерашната и денешната прес-конференција на Шилегов, од она што може да се види е дека Шилегов говори за анкетни листови од 2014 и 2015 година, а заборавил дека во 2015 воопшто немам поднесено анкетен лист бидејќи немаше избори во таа година. Анкетен лист имам поднесено во 2016 година. Значи друг пат кога сака да манипулира, треба барем технички да види кога се поднесуваат анкетни листови. Наместо со анкетни листови од 2014 и 2015, тој мавташе и ги споредуваше анакетните листови од 2008-ма и 2014-та, вели Груевски.

Со секој свој нов настап, додава Груевски во реакцијата, СДСМ секојдневно потврдува дека раководството на партијата нема капацитет за конструктивно работење во полза на народот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел