А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: СДСМ не сака да го реши прашањето со комисијата за 24 декември, поважен им е Бранко Црвенковски

by А1он27/05/2013 - 15:0127/05/2013 - 15:24260
Share0

Премиерот Никола Груевски апелира до СДСМ да се изнајде решение за комисијата за настаните од 24 декември, повикувајќи ги тие да дадат предлог, за кој ќе се одлучи со разумен заеднички консензус, а се за доброто на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Посочи дека нерешавањето на прашањето со комисијата, како што се зборува на состаноците во Брисел, е дискутабилно за натамошните чекори и додаде дека не е решено затоа што СДСМ не сака.

– Како политичка партија направивме многу обиди да го одоброволиме СДСМ да се избере претседател на комисијата. Предложивме многу луѓе и сите беа одбиени. На крајот прифативме да биде од СДСМ, но да се одлучи со консензус. Го одбија и тоа. Потоа ја прифативме иницијативата на претседателот Иванов за претседателот на МАНУ да биде на чело на таа комисија, го одбија и тоа со некои нелогични образложенија.

– На крајот сфативме дека во оваа партија им е многу поважно што и како ќе се случува околу конгресот и Бранко Црвенковски, односно многу поважен им е Бранко Црвенковски отколку Република Македонија, изјави премиерот Груевски денеска одговорајќи на новинарски прашања по присуството на традиционалниот деловен појадок со бизнис заедницата.

Според него, ова не е во прилог на Македонија.

– Навистина е жалосно што е така, бидејќи ова што  тие го прават им оди во прилог на оние кои сакаат Макеоднија да добива ниски оценки, да не добие датум за преговори во јуни, да биде на тапет, да добива негативни оценки.  Директно им помагаат, им даваат материјал да можат да ја напаѓаат Република Македонија и веќе тоа го направија.

– Значи, на состаноците во Брисел на големо се дискутира дека сите натамошни чекори се проблематични и дискутабилни од причина што не е решено прашањето со претседател на оваа комисија, а не е решено зашто СДСМ не сака да реши, истакна премиерот Груевски.

premiersdsmsobranie

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто