Груевски сака да ги елиминира помалите партии, Заев им подава рака

Од:

Предлогот на премиерот, Никола Груевски, за мнозински систем на гласање ги покажува тенденциите на ВМРО-ДПМНЕ да го задржи монополот врз изборниот процес и доминацијата во парламентот. Моделот се покажа како несоодветен во минатото и како извор на тензии, инциденти и конфликти. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека како партија е заинтересирана само за своите интереси, а не за демократизација и напредок, велат експертите.

Според поранешниот пратеник, Насер Зибери, ВМРО-ДПМНЕ има две причини за ваквите ставови: да елиминира трети или четврти субјекти во Собрание и да продолжи со злоупотреби во изборниот процес.

– Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги елиминира помалите политички партии и други структури кои можат да имаа влијание во изборниот резултат. Сакаат да се окрупнува гласачкото тело и да се подели на два блока помеѓу две политички партии, да нема трет и четврт субјект кој би бил застапен во Собранието. Втората причина е и понатаму да можат да ги искористуваат инструментите на власта. Со поништување на изборите, односно со шансата на втор круг во мнозинскиот модел, тие мислат дека ќе можат да ги корегираат резултатите бидејќи мнозинскиот систем најчесто завршува во втор изборен круг, додека пропорционалниот завршува со еден циклус на гласање – вели Зибери.

Албанските партии немо ги следат предлозите и пораките што преку јавноста си ги испраќаат Груевски и Заев, а во врска со промените на изборниот модел. Груевски предложи да се врати мнозинскиот систем на гласање по јавно изнесениот став на Заев за пропорционален модел со една изборна единица.

Албанските партии не го кажуваат својот став. Ниту ДПА ниту од ДУИ беа расположени за коментар.

-Се што имаме да кажеме, ќе кажеме во работните групи, ни изјави Артан Груби од ДУИ.

-Не значи дека прифаќање или отфрламе некој од предлозите. Може ние имаме трет предлог, вели Имер Алиу од ДПА.

Изборниот модел кој го предлага СДСМ е поприфатлив за јавноста и експертите. Со една изборна единица ќе се наруши монополот што го имаат големите партии во изборниот процес и ќе им се овозможи на помалите партии да влезат во Собрание без да мора да коалицираат.

Системот на мнозинско гласање, што го предлага Груевски, според упатените веќе се покажа како несоодветен во првите години од независноста на Македонија. Освен тоа, трите изборни циклуси до 1998 година покажаа дека мнозинското гласање предизвикува инциденти и тензии во предизборниот период и на денот на гласање.

-Мнозинскиот систем создава конфликти и тензична атмосфера. Бидејќи со еден глас во изборна единица се добива или губи мандат, ги подгрева страстите кај кандидатите да не бираат средства во остварување на победа. Македонија е позната по сериозните инциденти во изборниот процес од првите три циклуси. Мислам дека враќањето назад во моделот кој подразбира се или ништо во една ваква тензична атмосфера не е соодветно решение – вели Зибери.

Во периодот на мнозински систем на гласање Македонија беше поделена на 120 изборни единици каде се избираа 120 пратеници. Изборните единици, вели Зибери, беа со нееднаков број на гласови што создаде нарушување на принципот на еднаквост на гласот. Воведувањето на трите изборни единици за дијаспората, додава тој, зборува повторно за неизбалансирана застапеност на гласачите, која потоа има влијание во процесот на одлучување во Собрание.

Според него, една изборна единица со отворени листи е најсоодветно решение во кое ќе биде опфатена целата држава.

-Со моделот на отворени листи ќе постигнеме до израз да дојде идентитетот и субјектот на кандидатите, а не нивната зависност од партиската врхушка. Што е интенција и на премиерот како што рече, поради што го предлага нели мнозинскиот модел – додава Зибери.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија