Груевски признава дека пиштолите се негови и дека закупил станови за без пари во кои инвестирал

Од:

„Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив“, вака експремиерот и азилант Никола Груевски го опишува конфискувањето на оружјето за кое објави „А1он“, а кое беше пронајдено во еден од становите каде вчера беше правен претрес.  Тој не знае дали рокот на дозволата и натаму важи, поради тоа што избега од Македонија, а со тоа, не бил во можност да бара нејзино продолжување.

„Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото“, пишува Груевски.

Груевски негира дека негова секретарка е сопственичка на становите кои ги изнајмувал без да плаќа кирија, но, не негира дека станува збор за секретарка на бизнисмен близок до него.

„Не се пишува дали таа секретарка и тој бизнисмен воопшто се познавале со мене во тоа време.  Не ни очекувам да кажат какви упади, инспекции и уцени се правени врз многу бизнисмени и други лица, дел од нив и кои не ги познавам за да се принудат да станат алатка на прогонот кон мене. Се споменуваат уметнички слики а не се споменува дека сите се пријавени во анкетниот лист и без малку сите од домашни автори и со ниски цени, поголем дел добиени и како поклон за свадба. Се пишува дека обезбедиле вербални и материјални докази против мене за овој случај. Вербални може да обезбедат преку уцена на лица по нивната слобода, семејство и имот и принудување на лажно сведочење, но материјални докази не постојат и доколку ги имаат веднаш нека ги објават, кога веќе го одбрале тој пат“, објаснува Груевски преку социјалните мрежи.

Тој не негира ниту дека пред да избега од Македонија го потпишал договорот за закуп на двата стана на Бихаќка, а за кои Обвинителството тврди дека има докази дека се негова сопственост, притоа, ги поврзува со истрагата „Плацови на Водно“.

„Не објаснуваат дека согласно тој договор извршена е инвестиција во тие изнајмени станови која одреден период се одбива од ратите за закупот и тоа е во време кога сеуште немав правосилна пресуда на судот и сеуште се надевав на правда, па сите планови ми беа поврзани со мојот дом“, пишува Груевски.

Експремиерот и азилант во Унгарија додава дека не исклучува, како што пишува, нов упад во неговите станови, за кои тврди дека се снимаат.

„ Покрај другото, како и во другите случаи на СЈО/ОЈО обидот е со давање на не точни информации и тези на медиумите, или пак информации кои се службена тајна во истрагите, истите да се претворат во медиумски обвинител а потоа медиумски суд, и во судницата судијата под притисок на медиумите и јавноста да нема избор освен да донесе осудителна пресуда и така да ги задоволи власта, контролираните од власта медиуми и јавноста доведена во заблуда. Ова што прават е по теркот на 1949та година и потсетува на филмот “Среќна нова 49та”. Сега очекувам со денови и недели, па и со месеци, медиумите блиски на власта по стотици пати да ги повторуваат лажните вести во специјални емисии на темата, во вестите, преку изјави на платени аналитичари и новинари под контрола или платени од власта, квази експерти, преставници на дел од НВО и други апологети на режимот на власт. Репресивните органи на власта за жал веќе одамна се претворени во општински организации на СДСМ кои исклучиво се занимаваат (освен во случај на јавен притисок, како на пример во случајот Рекет) со прогон на неистомислениците на власта и наместо опстанок на власта со работа, дела, реформи и резултати, нивната борба е преку политички прогон. Правда со оваа власт нема и нема да има. Мир барем засега има. Но, со репресија, втерување страв кај народот, со прогони, апсења, претреси, истраги, монтирани обвиненија, нарачани пресуди, контрола на судиите, хајки по политичари, бизнисмени, новинари, но и по обични незадоволни граѓани“, се дообјаснува Груевски на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он