Груевски: Потребни се брзи парламентарни избори, изборната измама да се тргне

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го повтори ставот на партијата за одржување брзи избори паралелно со одржување на локалните избори. Груевски со тоа потврди дека партијата го прифаќа барањето на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што беше упатено на протестите кои во повеќе градови во Република Македонија се одржуваат повеќе од 50 дена.

– Македонија се соочува со период којшто е карактеристичен по тоа што се наоѓа по избори, со една голема изборна измама. Луѓето се чувствуваат измамени. Имаме период во којшто без малку 60 дена илјадници граѓани се на улица протестирајќи против изборната измама. Оние партии коишто ја направија оваа измама предводени од СДСМ очигледно се уште не можат да го препознаат револтот на граѓаните и незадоволството. Со овие протести се бара таа изборна измама да се тргне од маса, изјави Груевски, кој денеска беше во посета на Волково.

Граѓаните сфатија, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека лидерот на СДСМ Зоран Заев не може да се откаже од тиранската платформа и дека има дадено цврсти ветувања или дека можеби е уценет и дека на некој начин нема излез.

– Претпоставувам дека затоа нивното барање беше преформулирано во барање за предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери тоа го побараа уште во јануари. Ако тогаш СДСМ и нивните коалициони партнери тоа го прифатија, сега веќе ќе имавме избори. Сакам да потенцирам дека кога една партија ќе излезе на избори и кога ќе каже едно, а потоа ќе направи друго и со тоа ќе направи крупна изборна измама треба да очекува дека ќе се соочи со револтот на граѓаните. Тоа и се случува и на Македонија, тоа и се случува и на СДСМ, рече Груевски.

Ова, според него, се причините зошто кризата во Република Македонија е пролонгирана.

– Од овие причини уште еднаш потврдувам дека најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните планирани локални избори кои, поради чекорите на СДСМ, се одложија. Потоа нека излезат тие со она што го нудат, со она што го прифатиле со тиранската платформа, а ако граѓаните тоа им го одобрат, ако добијат мнозинство гласови, нека направат влада и нека го исполнат тоа што го наумиле или донекаде го ветиле, рече Груевски.

Никогаш досега, истакна тој, не се случиле толку многу големи протести и толку долги протести на граѓани низ цела Македонија.

– Меѓу 100 и 200 илјади граѓани секој ден протестираат низ улиците во 30-ина градови во Македонија. Тоа е нешто за што СДСМ и партиите со неа треба да се замислат и да им излезат во пресрет на народот и на граѓаните. На крајот на краиштата тие се тие коишто во декември гласаа и во иднина треба да гласаат и да даваат поддршка на една или на друга партија. Нека внимаваат што прават бидејќи ќе има и други избори, рече Груевски.

Според него, СДСМ во иднина скапо ќе ја чини игнорирањето на револтот на граѓаните и ваквото однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски