Премиерот Никола Груевски очекува генералниот секретар на ОН Бан Ки – мун да ја искористи најавената посета на Македонија во рамки на неговиот престој во регионот за непосредно да се запознае со разговорите за спорот за името кои се одвиваат под покровителство на Светската организација.
„Засега немаме ништо конкретно најавено во смисла на некои нови преговори. Мислам дека нема да има нови преговори, туку ќе дојде да ги согледа работите, да направи сопствена анализа, да види кои се деталите, проблемите и.т.н. Меѓутоа се може да се случи, да имаме и некое пријатно изненадување со некои нови моменти, но засега таква најава нема“, изјави Груевски