(ВИДЕО) Груевски: Покажавме како се работи со програма

Од:

Покажавме како се работи со програма – да се осмисли, да се дебатира, да се прашаат луѓето, да се издвојат најважните приоритети согласно можностите и на крајот да се реализира тоа што ќе се вети, но и многу повеќе од тоа кога ќе дојдат тешки времиња, како тука со Стајковци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски денеска на средби со жителите на селото Стајковци.

– Помогнавме колку што можевме, тоа се гледа и ќе продолжи да се гледа со активностите кои се планираат за во иднина. Она што е карактеристично за СДСМ е дека немаат програма и затоа на избори зборуваат за воздух, за ветер и магла, вели Груевски.

Тој посочи дека во првиот круг од изборите се видело како СДСМ организира избори, според него, со притисоци, поткупи, со заплашувања и уцени, за вели, да не излегуваат на гласање, да се пасивизираат.

Обвини дека откако СДСМ се на власт криминалците биле пуштени на слобода, а патриотите во затвор, додека настаните од 27 април биле намерно испровоцирани.

– Не може така. Токму затоа побаравме да прекине прогонот врз луѓето кои беа испровоцирани на 27 април. Овие луѓе треба да се ослободат и ние ќе направиме се во рамки на институциите тоа да се случи, вели Груевски.

Според него, власта прави спектакли насекаде, додека паѓала економијата, индустриското производство и извозот, а се пониска била и прогнозата за економскиот раст. Оцени и дека власта бега од одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога е формирано ВМРО и оти по укинувањето на наградата која секоја година се доделуваше сега, вели, размислуваат да го укинат празникот.

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски рече дека во неговата програма се содржани 471 проект и изрази уверување дека тие ќе бидат реализирани бидејќи Советот на општината во идниот мандат ќе биде предводен со мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. Еден од првите проекти кои ќе биде донесен после изборите, додаде, е на граѓаните да им се вратат парите доколку сами се приклучиле кон фекалната канализација.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски