Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Од:

Премиерот Никола Груевски се заблагодари за денешното објавување на прислушуваните материјали кои покажаа дека власта немала никаква улога во трагичното загинување на новинарот Никола Младенов.

– Ние две години живееме со тука и таму јавни и полујавни шпекулации и теории на загоров дека којзнае што му се случило на него од страна на власта и дека ете ние веројатно можеби нешто слично сме направиле за тој така да заврши. Ако нешто можам да кажам денеска да му се заблагодарам на Заев што со објавувањето на овие материјали колку и да ги направи да изгледаат поинаку сепак секој што ги слушнал или ќе ги слушне ќе му стане сосема јасно дека властите немале никаква улога во трагичното загинување на новинарот Никола Младенов, изјави за Сител премиерот Никола Груевски.

Гуевски додаде дека и тој и Владата и ВМРО-ДПМНЕ би се согласиле и поддржуваат да има нова дополнителна истрага со вклучување на, како што вели, кого сакате, членови на семејството на новинарот на Младенов, на претставници на СДСМ или други политички партии, ескепрти или кого сакаат да вклучат, јавност, медиуми, новинари.

– Немаме ништо против иако ние воопшто не се сомневаме во исправноста на постапката на обвинителите, во исправноста на постапката на институциите. Меѓутоа еве заради поголема доверба во процесот да не останат повторно некои шпекулации дека еве нешто се прикривало, затаило итн. поддржуваме таква работа и што побрзо таа да се случи, изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Ирена Мулачка од „Фокус“ ја доби наградата „Никола Младенов“

Ана Ололовска