Груевски: Ова не се обични локални избори, се носи одлука за тоа каква иднина ќе има нашата држава

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од митингот во скопски Аеродром побара поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски и за советничките листи од партијата и коалицијата „За подобра Македонија“.

– Уште само неколку дена не делат од изборите на 15 октомври. Ова не се само обични локални избори. Вашата одлука е многу важна. Ова е одлука за тоа каква иднина ќе има нашата држава и каква иднина ќе имаат вашите деца, за нашата заедничка држава, рече Груевски.

Во претходната декада, рече, наследивме 560 илјади вработени луѓе, а оставивме 733 илјади вработени, и вети во наредната деката 150 илјади нови работни места за граѓаните.

Коневски и Трајановски ветија, меѓу другото, вети изградба на затворен базен со олимписки димензии, нови пет градинки, ново средно училиште, нова спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“, нов зелен парк зад зградата на ФФМ и реконструкција на оштетените фасади на зградите во општината.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?