„Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“, напиша поранешниот премиер Никола Груевски, на својот Фејсбук профил.
Овие изјави Груевски ги дал во 2008 и подоцна низ годините, пред и по ставањето вето од Грција на самитот на НАТО во Букурешт.
Во една од бомбите што ги објави тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, може да се слушне како преговарала владата предводена од Груевски за името со Грците.