Груевски: Одамна е јасно дека Грција го оспорува нашиот идентитет

Од:

Премиерот Никола Груевски не е изненаден од вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник во која рече дека „нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за сите“ и смета дека спомнувањето на зборот „идентитет“ не би требало да биде нешто ново за познавачите на проблемот.

– И мене и на оние коишто добро го следат овој спор одамна ни е јасно дека другата страна уште од самите почетоци практично го оспорува нашиот идентитет. Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед и затоа не би требало да е нешто ново за нас, изјави премиерот Груевски во одговр на прашање по пуштањето во употреба на новиот 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје – Куманово.

Тој потенцира дека на многу наврати и досега кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска