Груевски од Струга: Додека СДСМ се занимаваше со нас и креираше хајки, ние подготвивме визија за следните 10 години

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Струга најави дека неговата партија планира да инвестира во образованието и дека посакува најмалку еден универзитет од Македонија да влезе во првите 200 во светот спроед Шангајската листа.

Груевски рече дека додека тие биле на власт секоја недела реализирале по некој крупен проект, а сега биле запрени голем дел од проектите и дека СДСМ повеќе се занимавале со нив, отколку со водење на државата.

Тој рече дека додека од СДСМ се занимавале со хајки против нив, ВМРО-ДПМНЕ подготвиле нивна визија за наредните 10 години.

Груевски со визијата наречена „Нова ера“ предвидува отворање на нови 150 илјади работни места и намалување на невработеноста под 10 отсто, намалвање на сиромаштијата на три четвртини и задржување на Македонија како држава со најниски даноци во светот.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?