Груевски од Могила: Секој ден гледаме како се случува терор врз изборите, разни притисоци, закани, полициски хајки

Од:

Никола Груевски вечерва во Могила рече дека власта не може со проекти, визија и идеи да бидат подобри од ВМРО-ДПМНЕ па се обидуваат со фалш избори, со притисоци, со закани и со се она што не е дозволено.

– Како поминува времето драги пријатели, секој ден гледаме како се случува насекаде низ Македонија еден вид терор врз изборите, разни притисоци, закани, полициски хајки и што ли уште не. Имаме класични корумпирани и криминални избори. Станавме држава во која што полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Наместо да го применува законот, тие го прават спротивното, го кршат законот, рече Груевски

Тој запраша која заштита ја имаат граѓаните, кога баш тие кои што треба да ги штитат се првите кои што ги заплашуваат и притискаат.

– И кога сме кај полицијата сакам да обрнам внимание на следното, помина еден месец откако беа искршени штабовите на повеќе места, штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква одговорност, нема пронајдени сторители, ниту пак има осомничени, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?