Груевски од Кавадарци: Заев ќе прифати се што бара Грција од Македонија без да го праша народот

Од:

Новата власт во Македонија применува незаконско и насилничко работење и тие не се кријат од тоа. Се чувствуваат осилени, но не од народот бидејќи знаат дека народот не ги донесе на власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Кавадарци.

– Сите знаеме кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават, но на 15-ти октомври ќе им покажеме дали треба да се осилени или исплашени, рече Груевски.

Тој додаде дека во кампања СДСМ ќе вети се што народот сака да чуе, но дека нема да исполни и оцени дека кампањата на СДСМ е полна со навреди, омаловажување, гнев и омраза.

-Во нивната кампања зборуваат дека ќе донеселе живот за сите, како ние тука да не сме живи, ќе донеселе воздух, енергија. Кажуваат апстрактни поими, демагогии, а ништо конкретно и реално, смета Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ од затвор пуштила криминалци за да ги искористат за изборите.

– Со проектот „Мој општинар” градот ќе биде поделен на повеќе реони, а секој реон ќе има свој општинар односно личност вработена во општината која ќе биде излезена на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите кои можат да се решат од страна на локалната самоуправа, информира Груевски.

Потенцира дека тој заедно со градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на привлекување на инвеститор за изградба на фабрика за откупување на вишокот грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Во насока на континуирана поддршка на економскиот развој, според него, се планира и реконструкција на винската куќа во градскиот парк Кавадарци која ќе биде во функција на поддршка на развојот на лозарството, винарството и туризмот.

На кавадарчани им порача дека никој нема да може да го спречи народот да излезе како на референдум да стави крај на, како што рече, ова помрачување од последните четири месеци во Македонија и со тоа да започне новата ера..

– Народот ќе има можност да каже што мисли за она што и се случува на Македонија во овие четири месеци. За хаосот, за безредието, за неспособноста и лажењето,… рече Груевски.

Груевски исто така додаде дека при средбата со Коѕиас, тој му рекол дека сака проблемот со Грција, Македонија да го реши исто како со Бугарија.

– По локалните избори ќе се реши и проблемот со Грција, ќе се прифати се што бара Грција од Македонија, рече Груевски додавајќи дека СДСМ ќе оди спротивно од народот бидејќи никој не го прашал народот, ниту пак тој дал согласност за тоа, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена