Груевски обвини за изборна кражба со „бугарски воз“ и закани

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини за изборна кражба и нерегуларни избори со „многу нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, закани и уцени од униформирани и неуниформирани лица, „бугарски воз“, гласачки ливчиња носени од едни во други општини за „бугарски воз“, уцени врз вработени од државата администрација и огромен молк од полицијата која е учесник во изборната измама“. Тој обвинувањето го прошири и на првиот круг на избори дури и во предизборниот период.

– Илјадници флаери беа расфрлани уште изутринава. Во Кисела Вода таткото од кандидатот за градоначалник кажувал дека сега биле власт можеле да избркаат секого кој нема да гласа за СДСМ. Имаше и поткуп на гласачи ви Визбегово, каде лично кандидатот на СДСМ делел прехранбени намирници за поткуп на гласачи, организиран поткуп имаше и во Штип, рече Груевски.

Полицијата не презеде ништо за овој случај. Беше спречен обид за “бугарски воз“ во општина Чаир. Гласачко ливче од Гази Баба е пронајдено во гласачко место во Штип, обвини Груевски.
Тој кажа и дека во општина Новаци припадници на полицијата вршеле притисок, велеле ако не гласате за СДСМ ќе ве снајде страшна судбина.

– Во Бутел видовме видео снимка како активисти на СДСМ се закануваат на граѓани да не излегуваат на гласање. Групно гласање имаше во Сарај. Виница не паметела повеќе полиција вклучително и специјални полициски сили. Ова не не изненади, зошто целата кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, рече Груевски.

Тој кажа дека дел од инженерингот биле и активностите на СЈО.

– СЈО беше поактивно и од кога да е. Апсењето на Едмонд Темелко освен што е притисок да прифати се што бараат од него, истовремено е и порака до сите што ќе ги снајде ако имаат патриотски пориви. Кривичните пријави за голем број градоначалници беше обид не само да се оцрнат туку и да се испрати порака до нашите активисти дека е добро да се повлечат, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината