Груевски: Новинарството е значајна и одговорна професија

Од:

Новинарството е значајна професија во секоја земја и е исклучително одговорна дејност. Во рамките на новинарската професија особено битна е улогата на новинарските информативни агенции. Огромниот обем на дневни настани, известувања и покривањето на настаните од сите општествени дејности значат ангажман на повеќе енергија, ресурси и средства.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски денеска на работниот ручек со учесниците на 21-то Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ.

Професионалното следење на движењата, како што истакна премиерот и позитвната критика базирана на фактите и аргументите од страна на новинарите на политичарите им помага да прават коректура на политиките кои ги реализираат во насока и онаму каде што постои можност да се подобрат, забрзаат или пак надградат работите кои се од интерес на граѓаните и компаниите. Сметам, рече Груевски дека новинарите и политичарите претставуваат значајни партнери иако, како што рече, понекогаш се чини дека има ситуации на кои политичарите и новинарите се на различни страни.

– Во мојата политичка филозофија од која се раководам и која ја практикувам едно од централните места во системот на вредности претставува вистината, тоа многупати сум го практикувал и применувал. Сметам дека покрај претходно наведена заедничка интенција за заштита на граѓанскиот и државен интерес нас не обединува и почитувањето на таа вредност – вистината, нагласи Груевски.

Новинарскиот дух, како што посочи, во својата суштина ја има вистината и трагањето по неа. И тоа како што рече, е точка која треба да се искористи за постојано унапредување на соработката во границите на професионалноста. Интенцијата за супрематија на вистината, како што истакна Груевски, придонесе Република Македонија да направи сериозен исчекор на полето на заштита и промоција на правата на новинарите и да ја декриминализира клеветата и навредата, кога цело поглавје кое се однесуваше на овие дела беше избришана од Кривичниот законик.

– Покрај достигнувањето на високи европски и цивилизациски стандарди ова верувам дека ќе придонесе за создавање на уште подобар амбиент новинарите да продолжат со остварувањето на општествената функција и придонесот за општеството, нагласи македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов