(ВИДЕО) Груевски: Новинарите не се во моја надлежност

Од:

„Имаше насилен обид за уривање на државните институции, буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски да ја земе власта со сила“.

Ова го кажа премиерот Никола Груевски, во вечерното обраќање во владата, а кое го пренесуваше јавниот сервис.

„Професионално се однесуваа и коректно безбедносните сили и овозможија да работи парламентот согласно законите“, рече тој.

„Им честитам на претставниците на безбедносните сили, но најголеми честитки заслужуваат илјадниците граѓани кои црвсто застанаа во народниот фронт.

Се случи непријатност во парламентот со новинарите, иако тоа не е во моја надлежност“, рече Груевски.

Според Груевски, лидерот на СДСМ сакал со сила да ја освои власта, но „му се случил народ“.

„Само во држави каде мафијата е посилна од власта може да се случи политички пресврт, Македонија е слободна и демократска држава“, изјави Груевски во обраќањето.

„Помислете барем за момент кому му одговара ова што го прави Бранко Црвенковски“?

Македонија е економски стабилна земја, таа е една од најниско задолжените земји, приказната дека земјата се задолжува е чиста манипулација.

Врвот на СДСМ оди по грчко сценарио, Македонија е една од поуспешните земји по справувањето со економската криза.

Ние знаеме што правиме и немаме намера никому да наштетиме. Со предвид дека Црвенковски најави продолжување на неговото сценарио, подготвени сме за сите сценарија.

Политичарите како Гадафи, ќе го доживеат својот политички крај“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“